За нас | За Калето | Галерија на Наоди | Контакт | English
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
  Линкови

Кале - Скопје во Историските извори

*Градската населба Скопје на Кале за првпат во изворите се појавила како "скопска војска"кон крајот на IX век
-Иванов , И., Богомилски книги и легенди, Софија 1970,283

*Народната традиција за името на градот по населувањето на Словените создала своја легенда. Според легендата што ја презентирал  Ѓ. Кајдамов (Легенди за Македонските градови ,Скопје1981,10) градот- тврдина кој се наоѓал на денешното Скопско Кале бил заштитен со високи ѕидови, поради што тешко можело да се влезе внатре. Требало да се војува со стрели и копја. При нападот на утврдениот град водачот на словенската војска командувал : "Со копја да се напаѓа тврдината". Командните зборови "со копја" (скопја) водачот на Словените ги повторувал повеќепати. Зборовите на водачот останале долго во сеќавање на војниците и населението. Така градот почнале да го викаат Скопја, Скопие или Скопје.
-Народна  легенда

* "Ускуфија (Скопје) е голем град со непрегледни обработени полиња, со изобилство на лозја и зрнести култури. Од него до градот Коритус на североисток има еден ден пат .Помеѓу нив тече Фардариј (Вардар)."
-Арабскиот географ и патеписец  Идризи  ( 1100 - 1165 )

*И создал црква Успение на Пресвета Богородица, наречена епископија призренска, и исто така црквата Благовештие на Пресвета  Богородица која е епископија грачаничка, и црквата наречена Троеручица во славниот град Скопје, и црквата Свети Георгија на реката Серава, и црквата Св. Константин во градот Скопје...

-Во делото " Животите на кралевите и архиепископите српски" составено од архиепископот Данило (1270-1337) кој архиепископувал од 1324 до 1337 исто така се наоѓаат интересни податоци за градот Скопје ,а посебно значајни се градежните активности на кралот Милутин кои тој ги опишувал

*"Кралот му подарува на Манастирот имоти во градот Скопје и во различни места на Скопската област што ги откупил од Костадин Липсиот и од тројца членови од семејството на некој Теодор, и тоа : двор во градот, ниви, селишта, лозја, сенокоси, градини, воденичишта, откупено за 300 перпери, освен купопродажната такса(иноминов откуп) и други трошоци (ексод)."

"Подарува "безвласнички"имоти од бивши големи земјопоседници во Скопската област: Калудовите места во Скопје и околината, селото Сулне-ексалимо на Пасарел, Илијас и Ананизесо нивните имоти , потоа ексалимото на поп Квочил и Хрптатиот пирг (кула) пред палатата за манастирска сокница (економат)."

"Имотите на византискиот велможа Апокавк: Апокавковата црква Св. Георгија и околниот широк простор од реката Серава спрема Обла кула со урнатините од 60 куќи, Апокавковиот двор меѓу поседите на властелините Паскал и Холеват, до Обла кула и градската порта- Капицале"

-Грамота на српскиот крал Милутин доделена на манастирот Св Георги-Горг Скопски 1299/1300  (Карактеристични се споменувањата на градските утврдувања на Калето,а се споменуваат и црквите Св. Богородица Троеручица и Св. Константин)

*"На третиот ден ние тргнавме од таму (од Струмица) и стигнавме во гратчето Скопје кое се наоѓа во трибалските предели...Скопје има своја тврдина (горен град, кула) и развиен подград,варош(јеборија)... Тука во Скопје ја сретнавме тештата на кралот на кого сите Трибали му се покоруваат и го слушаат, благородната кесариса облечена во црна облека во знак на голема жалост"

-Никифор Григора (1295-1359) во делото "Ромејска Историја" . Интересни описи  и карактеристики на Скопје како и величање на гостопримството на луѓето од Скопскиот крај, чијашто дива нарав, необразованост и варварство ги засенува "мирниот начин на живот и сојузничката благонаклоност која се изразува особено во време на нужда".

*Скопската тврдина е нацртана на знамето на џоторланот на каталонскиот морнар Ангелино Дуцерт 1339. Скопското Кале тука е претставено со четири кули , знаме и натпис Сцопи.
-Александар Соловјев, Застава Сефана Душана над Скопљем године 1339, Гласник СНД XV-XVI , Скопље 1936, стр.347

 

*..."Во Скопје Турците во прво време го завзеле само горниот град, тврдината за свои потреби. И како прва црквена жртва, нема сомневање била задужбината на крал Милутин во тврдината скопска, црквата на Св Константин и Елена. Така тука наместо црква дојде првата турска џамија во Скопје со витко минаре и полумесечина."...

-Ракопис натриодот од збирката на Хлудов во Московскиот Исторически музеј бр.162 завршен на 6 јануари 1392 на денот на турското заземање на Скопје

*Градот бил заграден со ѕидови и зацврстен со кули(пиргови)
- Логотетот Гојко во Грамотата за манастирот Богородица во Архиљевица околу 1355г.

 

*"Ноќе портите се затворале и влегувањето во градот било можно само по исклучок"

-Теодор Метохит XIV век Теодор Метохит при својот престој во Скопје дава опис на српскиот двор , кој бил богато опремен и уреден според ромејскиот пример. Владетелот бил опкружен со придружба која била составена од одбрани луѓе, од храбри момчиња облечени во убави облеки. Кралот честопати поставувал трпеза за своите блиски содружници и на неа се појавувал во раскошна облека украсена со бисер и злато. трпезата била полна со секакви јадења Што биле послужувани во златни и сребрени садови.


кон врвот
webmaster
Археолошко Ископувње Скопско Кале © 2007. Сите права се задржани.
designed & powered by insourcingMk