За нас | За Калето | Галерија на Наоди | Контакт | English
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
  Линкови

СЕКТОР 8

Се протега од внатрешната страна на Јужниот бедем од Калето. Се наоѓа источно од кулата бр. 10 и се протега во должина од 23м и ширина 5м.
Со археолошките истражувања е веке достигната длабочина од 5м на целиот простор.
Во текот на истражувањата во овој сектор откриени е голем број на движен археолошки матерјал. Најбројна е керамиката од византискиот  и турско – османлискиот период, а значителен е и бројот на пронајдени бронзени монети - околу 120 од истиот период.
Меѓу најатрактивните движни наоди се истакнува металниот крст (легура - приврзок, датиран во XV-XVI век, кој претставува графичка форма на грчки крст со мали листести проширувања на краевите.
Интересен е и наодот на оловна пломба од двете страни испишана со текст со грчко писмо.

Во овој сектор не се откриени остатоци од тврди градби од средниоот век. Најверојатно се работи за слободен простор-еден вид комуникација, но присутна е камена пластика, фрагмент од јонски капител, фрагмент од мермерна плоча со флорални орнаменти и мермерна база од столб, што сугерира постоење на порепрезентативен сакрален објект, некаде во непосредна близина.


сл. 1. фрагмент од јонски капител

сл. 2. камена пластика со флорални елементи

сл. 3. крст од легура на повеќе метали, графичка форма на грчки крст

сл. 4. работна фотографија од исток

сл. 5. оловна пломба

од 02.06.2007 до 27.07.2007 год.

Во текот на последниот месец (јули), секторите 8 и 9 беа поврзани во единствен простор за истражување, во продолжение на сектор 4 до сектор 5, долж јужниот бедем од внатрешната страна. Откриените појави во тој дел на теренот претставуваат остатоци од турско време и од средниот век во форма главно на движни наоди во јасно диференцираните слоеви (керамика, лулиња, железно оружје, поедини форми накит, монети, оловни печати и сл.). Поради лимитираниот простор кој неможе да се проширува кон внатрешноста на Калето, долж целиот простор се открива само сегменти од поедини градби од поново и од турско време и пред се долг отворен пасажен простор непосредно до самиот фортификационен ѕид, што бил во функција низ средниот век. Остануваат за истражување постарите средновековни слоеви и евентуалните остатоци под нив, каде може да се очекува нова урбанизација и културни појави од понаков вид


сл. 6.

сл. 7.

сл. 8.

сл. 9.

сл. 10.

сл. 11.

сл. 12.

сл. 13.
 
webmaster
Археолошко Ископувње Скопско Кале © 2007. Сите права се задржани.
designed & powered by insourcingMk