СЕКТОР 7
Се наоѓа на северната страна на тврдината, надвор од внатрешниот монументален бедем, помеѓу главната северна порта и с/и полукружна кула. Целта на истражувањето на овој простор е добивање податоци за вертикалната стратиграфија и за евентуалните остатоци од живот или други активности надвор од средновековните бедеми.
Под остатоците од шут, насип и оштетувања од модерно време беа откриени само минимални остатоци од среден век, мегу кои и еден сет од посребрени садови (чинија со поклопец и шоља). Веднаш под тој хоризонт се појавија слоеви со праисториска архитектура и остатоци од живеење во различни периоди на праисторијата.
Најстарите траги од живеење на овој простор како и на целиот локалитет се од периодот на енеолитот, односно околу 4000/3500 години пред н.е. Станува збор за пространа населба, чии остатоци се срекаваат на целата површина на Калето. Откриена е многубројна керамика карактеристична за тој период претежно со сива боја и мазнета површина. Мегу најкарактеристичните предмети е една зооморфна фигурина на минијатурно прасе/ говедо, со сива боја и груба фактура.
Следната фаза од истражуваните остатоци од праисториското живеење на просторот на сектор 7 потекнуваат од доцното бронзено време или преодниот период. Од тоа време се откриените остатоци од една куќа. Нејзината основа е со издолжена правоаголна до елипсовидна форма, поради апсидалниот завршеток на јужната страна. Ѕидовите се градени од непечена тула - плитар, помеѓу два паралелни реда камења или покрај дрвена скелетна конструкција. која го носи покривот, од органски материјал. Во куќата имало една полукалотеста печка за печење леб, градена од глина. Заради подобра нејзина изолација, околу неа е поставен ѕид од големи камења облепени со глина. На подот од куќата, направен од повеќе премачкувања, откриени се една камена рачна мелница и различни керамички садови со карактеристични форми, декорација и начин на изработка за периодот на доцното бронзено време. Од другите наоди карактеристично е едно керамичко свирче во форма на сирена/риба, кое сеуште убаво свири.

сл. 1. почетоци на истражувањата |

сл. 2. бронзен сет за ефхаристија |

сл. 3. сад за ефхаристија |

сл. 4. истражувања на бронзенодобскиот слој |

сл. 5. печка 12. век п.н.е. |

сл. 6. јама |

сл. 7. основа на куќа од доцното бронзено доба |

сл. 8. свирче во форма на птица од доцното бронзено доба |

сл. 9. зооморфна фигура на прасе-говедо од енелитскиот период |
од 02.06.2007 до 27.07.2007 год.
По утврдувањето на стратиграфската слика на секторот 7, истражуваниот простор беше проширен кон исток со надеж дека откриените појави што се шират во тој правец ќе бидат поцелосно испитани и документирани. Секторот 7 како простор надвор од бедемите на средновековниот град се покажа погоден за пошироко откривање на наслојувањата од предисторијата, поточно на остатоците од бронзеното и бакарното време.Сепак, со неколку средновековни отпадни јами вкопани токму на тој простор значително се оштетени предисториските слоеви. Така, во погорните слоеви беа откриени само делови од градби од бронзеното време, додека подолу беа документирани објекти од енеолитот или бакарното време директно вкопани во глинестата здравица. За посебно одбележување се остатоците од предисториски одбранбен бедем граден од плитар, чие простирање иако со значителни оштетувања може да се следи целиот истражуван простор на сектор 7, под остатоците од веќе истражената куќа од доцното бронзено време. Натамошните истражувања ветуваат откривање на интактни ситуации во најдолните енеолитски слоеви.

сл. 10. |

сл. 11. |

сл. 12. |

сл. 13. |

сл. 14. |

сл. 15. |

сл. 16.
|

сл. 17.
|

сл. 18.
|

сл. 19.
|

сл. 20.
|

сл. 21.
|

сл. 22.
|

сл. 23.
|

сл. 24. |

сл. 25.
|

сл. 26.
|
|
|