За нас | За Калето | Галерија на Наоди | Контакт | English
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
  Линкови

СЕКТОР 4

Се протега од внатрешната страна на јужниот бедем, во должина од 50 м и ширина од 10 м. Истражувањата на овој простор се надоврзуваат на истражувањата вршени 1967 год.
Во текот на истражувањата, на овој простор е констатирана најцелосната стратиграфска слика во профилот долж целата северна страна на секторот. Таа покажува активно користење на овој дел од Кале во текот на средновековниот и турскиот период, а на длабочина од околу 6 м на неколку места се јавуваат и остатоци од најстарото живеење, од енеолитската населба.
Во средновековниот период просторот покрај јужниот бедем бил интензивно користен за организирање на различни занаетчиски работилници, чии архитектонски делови се во добра мерка сочувани. За нивниот карактер сведочат остатоците од печки, згура и бројни карактеристични садови кои служеле за топење метал.
Во доцниот среден век тука се протегал и дел од некропола од која се истражени 11 гробови со инхумирани покојници.
Во турскиот период врз овие гробови честопати покриени со подебели наноси на шут, продолжува традицијата за обработка на метал.
Во текот на досегашните истражувања покрај овие архитектонски остатоци откриени се и поголеми количини на движен археолошки материјал. Издвојуваме преку сто бронзени монети од средновековниот и турскиот период, голем број цели и фрагментирани керамички садови, утилитарни предмети од камен и коска, делови од железно и камено оружје како и неколку парчиња накит од бронза, стакло и сребро.


сл. 1. широк план на теренот

сл. 2. панорама од истражените објекти

сл. 3. работна ситуација и истражување

сл. 4. подно ниво

сл. 5. дел од некропола

сл. 6. падната кровна конструкција

сл. 7. работна ситуација

сл. 8. јами

сл. 9. јама 4

сл. 10. јама 4

сл. 11. градежни фази од објекти од различни временски периоди

сл. 12. работна ситуација

сл. 13. северен профил

сл. 14. јама со животински коски

од 02.06.2007 до 27.07.2007 год.

.
Поради изразената целовитост и специфичниот карактер на археолошките појави на поширокиот простор долж внатрешната страна на јужниот монументален ѕид, едновремено се истражува на целиот простор на секторот, со систематски ископувања на слоевите, од најмладите кон постарите. Така, во последните два месеца се работеше на истражување на постарите средновековни слоеви што одговараат на раната употреба на бедемот. На тој простор убаво е документирано простирањето на градби од различен карактер и од различно време, сите во одредена комуникација со јужниот бедем. Делови од јавни градби, складишта, магацински простории, занатски работилници, јами и слично, се поврзани со различни слоеви и мноштво движни наоди алатки, оружје, накит, керамика, монети и др.)
Почнувајќи од посебните градби срушени со земјотресот 1963 год., преку градби од времето на турскиот период, низ сите етапи на средниот век, до најстарите праисториски остатоци, сите тие се позиционирани во јасна и добро документирана стратиграфска целина што дава единствена слика за целокупниот културен и историски развиток на Калето.

Откриените градби во секторот 4 се шират од јужниот бедем кон внатрешноста на Калето, поради што ке треба секторот да се прошири кон север за тие во целост да се откријат и документираат. Со тоа, неспорно ке се обезбедат убави примери на соответни градби и археолошки целини од сите периоди погодни за натамошна конзервација и јавна презентација.


сл. 15.

сл. 16.

сл. 17.

сл. 18.

сл. 19.

сл. 20.

сл. 21.

сл. 22.

сл. 23.

сл. 24.

сл. 25.

сл. 26.

сл. 27.
webmaster
Археолошко Ископувње Скопско Кале © 2007. Сите права се задржани.
designed & powered by insourcingMk