За нас | За Калето | Галерија на Наоди | Контакт | English
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
  Линкови

Сектор 2

Од 15.03.2007. до 01.06.2007.

Секторот 2 е позициониран во с/и агол од внатрешната страна на монументалниот бедем и ја опфака површината зафатена со најаките архитектонски градби што биле срушени со земјотресот 1963 година. Исто така овој простор до сега бил најчесто ископуван со контролни сонди во разни правци. Затоа, целта на ископувањето во сектор 2, пред се е санирање на постоечките големи депресии останати од разните земјени, конзерваторски и археолошки работи и нивно поврзување во поголема и целосно истражена целина.  Поради овие причини целиот простор предвиден за истражување, уште на почетокот е поделен на два дела: сектор 2 и сектор 2А. Во секторот 2 се откриени незнатни остатоци од архитектура од турско време со многу, главно отпадни и складишни јами што биле користени низ средниот век и турскиот период. Мноштвото керамика откриена во јамите овозможува убави збирки на средновековна и турска керамика, придружени со бројни наоди на метални предмети, алатки, бронзен накит, монети и друго. Целиот простор како да бил наменет за одлагање - депонирање на остатоците разни занатски активности и отпад во текот на средните векови и турскиот период.     

Сектор 2А

Истражувањата  што траат два и пол месеци во секторот 2А на Скопското Кале се изведуваат под современата градба на стариот затвор, чии темели навлегуваат  два метри во постарите културни слоеви, при што се уништени, поточно целосно ископани слоевите од турско време. Од таму, во овој сектор од самиот почеток се истражуваат слоевите од средниот век. и покрај големите оштетувања откриени се еден  ѕид од градба од 14 век, кружен ѕид од 13 век како и делови од градба од 10 век. Мегу  движните наоди ќе ги споменеме над 80 бронзени и една сребрена монета.  Исто така чести се делови од разни  предмети - алатки употребувани за производство  што упатува на  постоење на одредени произвотствени или занатски работилници некаде во близина. На истото упатуваат и неколкуте пространи отпадни јами  во кои се откриваат отфрлени разни типови наоди од различни материјали како што се: стаклени белегзии, бронзени наушници, бронзени прстени, бронзени белегзии, оловни пломби, разновидни керамични садови, мегу кои и некои ретки луксузни примероци на византиски глазирани чинии и слично.


сл. 1. сектор 2 - почеток на ископувањата - санирање на просторот

сл. 2. сектор 2 - откривање на системот на јамите

сл. 3. сектор 2 - ниво на средновековни јами

сл. 4. сектор 2 - пресек на јама

сл. 5. сектор 2 - отвор на јама

сл. 6. сектор 2А - работна фотографија од исток

сл. 7. сектор 2А - ниво на средновековни градби

сл. 8. сектор 2А - јама со остатоци од череп

сл. 9 . сектор 2а - сад во близина на една од јамите

сл. 10. сектор 2А - ниво на средновековни јами




0д 02.06.2007. до 15.07.2007.

Тргнувајќи од единствените археолошки вредности откриени во североисточниот агол од средновековната тврдина и потребата за нивно поврзување и поцелосно истражување секторот 2 беше проширен за нови два сегменти (секотор 2б и 2c), такашто се оформи простор за истражување во вкупно четири сегменти (2, 2а, 2б и 2c). Тие го покриваат готово целиот простор заграден со северниот и источниот монументален ѕид од внатрешната страна, чие истражување треба да обезбеди целосна слика за појавите во тој дел на Калето.

Сектор 2

Секторот 2 беше целосно истражен до 15.07.2007. при што беа оставени сите откриени целосно истражени јами од различни периоди и карактер откриени на тој простор.

Секотор 2а

Истражувањата во сектор 2а продолжија под средновековните слоеви во нови културни содржини од предисторијата. Иако дел од средновековните јами се толку длабоко вкопани што ги имаат пресечено и оштетено предисториските слоеви под нив. Остатоци од градби, куќи, огништа, печки се откриваат откриваат на целиот простор во контекст што ветува дека со натамошните истражувања, во подолните праисториски слоеви културните појави ќе бидат целосно сочувани.

Секторот 2б

Се откопуваат рушевинскиот слој од некогашниот затвор до длабочина повеќе од 2 метри, во кој се наоѓаат темелите и носечките столбови од оваа масивна градба струшена од земјотресот во 1963. година. Со тоа се оштетени слоевите од турскиот период и на повеќе места се пробиени средновековните слоеви. Поради тоа се откриваат само поедини остатоци од архитектура и инвентар од тие периоди. Како новооткриени структури се издвојуваат: додадениот влез од турскиот период во триаголната кула на постариот монументален ѕид, ѕидови од постара средновековна градба пресечена на места со средновековни - ранотурски јами, спореден влез во монументалниот ѕид, заѕидан во турско време и сл. Истражувањата продолжуваат во чисто средновековни слоеви.

Секторот 2c

Со истражувањата во сектор 2c треба да се поврзат појавите од соседните сектори 2 и 2а. Под рушевинските слоеви од градбите сртушени во земјотресот се откриваат доцносредновековни и ранотурски културни слоеви со структури градени од кал и дрвена конструкција, поврзани со инвентар и остатоци од индустриски дејност (печки за топење метали, печење керамика и сл.). Овие појави го објаснуваат карактерот на целиот простор на сектор 2 како индустриски дел во текот на подолг временски период, готово низ целиот среден век и ранотурскиот период. Исто така оваа ситуација овозможува добро документирана основа за проучување на различните типови јами од различно време полнети со различен материјал кои биле често пати вкопувани една во друга (стамбени јами, сладишни јами, јами за отпадоци или јами за ескплоатација на глина од глинестата зравица во овој дел на Калето). Присуството на јами од една страна е мошне благодарна археолошка појава бидејќи како заторени цели нудат богат и јано определен археолошки материјал, но во исто време во својот карактер и архитектура не се појави најпогоди за натамошна јавна презентација.



сл.11. сектор 2 - јами од рзличен карактер

сл.12. сектор 2 - јами од рзличен карактер

сл. 13. сектор 2 - јами од рзличен карактер

сл.14. сектор 2 - јами од рзличен карактер

сл.15. сектор 2 - јами од рзличен карактер

сл. 16. сектор 2а - откривање на остатоци од праисториски градби

сл. 17. сектор 2а - печка за керамика во една од праисториските градби

сл.18. сектор 2а - дел од праисториска куќа

сл. 19. сектор 2б - темелни стопи од носечките столбови во некогашниот затвор

сл. 20. сектор 2б - остатоци од некогашниот затвор вкопани во постарите слоеви

сл. 21. сектор 2б - откривање на заѕиданиот влез во монументалниот бедем

сл. 22. сектор 2б - доградениот трем од турско време или влез во триаголната кула

сл.23. сектор 2c - остатоци од печки за металургија од доцен среден век

сл.24. сектор 2c - остатоци од структури со индустриски карактер

сл.25. сектор 2c - дел од структурите со индустриски карактер
webmaster
Археолошко Ископувње Скопско Кале © 2007. Сите права се задржани.
designed & powered by insourcingMk