Секторот 10
Секторот 10е последно отворениот сектор, со цел да се поврзи новооткриениот југоисточен дел од т.н. монументален бедем со неговата југоисточна кула и истовремено да се истражи просторот непосредно на исток од новооткриената црква во секторот 3. За кусо време овие цели беа остварени. Бедемот и култата беа поврзани во единствена целина погодна за натамошна конзервација и презентација. Од друга страна, на нивото на црквата кон исток до бедемот и кулата беа откриени соодветни градби во неспорна релација со црквата кои заедно затвараат единствена архитектонска и културна целина. Под тие градби се истражени и постарите слоеви од 13-12 век, во кои е откриен хронолошки и културно чувствителен материјал. Натамошното истражување во сектор 10 треба мегу другото да овозможи поврзување и непосредна комуникација мегу соседните сектори 3 и 4.
сл. 1. |
сл. 2. |
сл. 3. |
сл. 4. |
сл. 5. |
сл. 6. |
сл. 7. |
сл. 8. |
|
|