За нас | За Калето | Галерија на Наоди | Контакт | English
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
  Линкови

СЕКТОР 1

Од 15.03.2007. до 20.05.2007.

Се протега долж западниот бедемски ѕид од северниот бедем на Калето. Истражувањата се одвиваат на простор од 40 м во должина и 10 м. во ширина. Најмладите археолошки остатоци кои се откриени, се рушевините од стариот Археолошки музеј (касарнски објект од турско време, кој после Втората Светска војна бил користен за музеј се до земјотресот во 1963г.). Подолните културни слоеви се формирани од  отпадни јами од доцното средновековие, во периодот помегу XV-XVII век, но и од претходните векови. Еден од најзначајните археолошки наоди од овој кутурен слој претставува камениот калап за лиење на златни прстени со претстава на Лазаров крст од едната страна и според ваквата претстава широко е датиран во периодот помегу XI и XIV век.
На еден мал простор северно од остатоците на Археолошкиот музеј е откриен дел од средновековна куќа која според археолошкиот материјал (воглавно керамиката) била во употреба некаде во периодот помегу втората половина на XIII и ран XIV век. Куќата е направена од плитарни ѕидови, со земјен под, и лесна кровна конструкција од органски материјал. Куќата страдала во пожар, но и покрај силното опожарување голем дел од нејзиниот инвентар е добро сочуван (складишни садови и кујнска керамика и неколку византиски бронзени монети).
Најстарите наоди во сектор 1 се датираат во енеолитот и претставуваат остатоци од една полуземјенка, која не е во целост истражена, поточно откриена е само нејзината источна половина. Куќата била вкопана во здравица со полукружна основа, подното ниво е направено од набиена глина со која е премачкана здравицата, ѕидовите биле од плет, а кровната конструкција од греди изврзани со трска. Во оваа куќа се откриени две печки-фурни, од кои едната е со кружна основа, а другата со елипсовидна. Оваа куќа на јужната страна е пресечена со темелите на ѕидовите од Археолошкиот музеј, а на западната страна е пресечена со новооткриениот бедемски ѕид.
Остатоците од овој бедем се следат во различна сочуваност долж целата северозападна страна. Според опусот на градење, материјалот, простирањето и стратиграфската позиција, најверојатно претставува дел од с/з бедемско платно на внатрешниот- монументалнтален т.н. киклопски ѕид. Овој ѕид, на северната страна најверојатно завршува, поточно ке се спои со сооtветната кула во с/з агол на внатрешнот бедем.

 

сл. 1. пред ископувања - од југ

сл. 2. санирање на просторот

сл. 3. откривање на градби ссрушени од земјотресот 1963 г.
сл. 4. инсталации и темели од стариот археолошки музеј

сл. 5. инсталации, темели и рушевински слој од стариот археолошки музеј, вкопани во слоевите од турско време

Од 21.05.2007. до 10.06.2007.

Теренските работи во сектор 1 во целост беа завршени на 10.06.2007. и целосно беше истражен предвидениот простор каде за евентуална конзервација и идна презентација беа оставени: новооткриениот дел (северозападен дел на т.н. монументален бедем), основи од поединечни средновековни градби фундирани во карпестата здравица, две праисториски печки за керамика и делови од порано откриената т.н. средновековна палата.


сл. 6. северозападниот агол од постариот - монументален бедем

сл. 7. дел од запедниот монументален бедем под одтатоците од т.н. средновековна палата

сл. 8. дел од запедниот монументален бедем вкопан во праисторискиот слој со печки за керамика

сл. 9. делови од средновековни објекти фундирани во здравица
webmaster
Археолошко Ископувње Скопско Кале © 2007. Сите права се задржани.
designed & powered by insourcingMk