На крајот од I светска војна, во 1917-18 година, на Калето бил сместен штабот на Австриската војска. Траги од тој престој се откриваат во најгорните слоеви на Калето во форма на оружје и други ситни предмети од војнички карактер.
По формирањето на Југославија, во време од 1921-30 г. на Калето беа изградени 10-ина масивни воени градби: генералштаб, касарни, магацини и др. Тие таму стоеле до 1951 година кога војската била повлечена од Калето, а во градбите се вселиле Археолошкиот и Историскиот музеј. Во земјотресот од 1963 година сите овие градби биле срушени, формирајки рушевински слој, со дебелина на места од неколку метра.
Со нашите ископувања ги наоѓавме темелите и подрумските делови на тие градби. Некои од нив ги сочувавме како сведоци за најмладата фаза на живот на Скопската Тврдина, пред катастрофаниот земјотресот 1963 година.